Планот за населување на Голанската висорамнина го добил името по Трамп

Од:

Израелската министерка за населување Ципи Хотовели синоќа изјави дека владата ги одобрила плановите за изградба на новата населба на окупираната Голанската висорамнина, што ќе го добила името по американскиот претседател Доналд Трамп.

Хотовели на Фејсбук напиша дека министерството што го раководи ќе ги почне подготовките за Рамат Трамп – хебрејски за „Висорамнините на Трамп“, каде ќе треба да се сместат 300 семејства, пренесуваат американските медиуми.

Израел ја освои Голанската висорамнина од Сирија во војната во 1967 година и ја анектираше во 1981 година. Поголемиот дел од меѓународната заедница смета дека потегот и израелските населби на територијата се нелегални според меѓународното право.

Во март 2019 година, Трамп ја призна таа стратешка област како израелска територија. Овој потег се случи за време на посетата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на Вашингтон, само неколку недели пред изборите во Израел.

Би можело да ве интересира

Израелската армија влезе во Либан: Велат дека вршат „ограничени копнени операции“

Нетанјаху му се обрати на иранскиот народ: „Ќе бидете слободни и побрзо отколку што мислите“

Предраг Петровиќ

Германско државјанство нема да добијат оние кои објавуваат: „Израел е убиец на деца“

ВИДЕО: Подготвени сме за копнената офанзива на Израел порача заменик-шефот на Хезболах

Израел го ликвидирал братот на Башар ал Асад ?

ВИДЕО: Израел собори беспилотно летало над морето, објавено видео