Активисти и приврзаници на италијанското популистичко Движење Пет ѕвезди на поранешниот комичар Бепе Грило, одржаа протести во Рим поради реизборот на Џорџо Наполитано за претседател на Италија.
Наполитано е првиот претседател на Италија реизбран на оваа функција.
По гласањето во италијанскиот Парламент, каде тој лесно го освои потребното мнозинство од вкупно 1.007 гласови колку го сочинува гласачкото тело од членовите на Долниот дом, Сенатот и претставниците на регионалните собранија, Наполитано изјави дека не можел да ја одбгене одговорноста што ја има кон државата.
Но, лидерот на Движењето Пет ѕвезди, Грило, кој се заканува дека се ќе „разурне“ кога ќе дојде на власт, повторниот избор на досегашниот претседател го нарече „институционален пуч“.
Решението на двете главни и најголеми политички алијанси на левиот и на десниот центар наместо избор на нов претседател, да досегашниот шеф на државата до добие уште еден мандат од седум години, доаѓа по неуспехот на левицата и десницита да усогласан компромисен претседателски кандидат. Пред гласањето што се оддржа во саботата, лидерите на десните и левите партии се согласија околу „неопходното единство“ за повторниот избор на Наполитано, чиј мандат истекува на 15 мај.
Наполитано, заедно со лидерите на левиот и на десниот центар, сега ќе треба да помогне за изнаоѓање решение околу формирањето на нова италијанска Влада.
По изборите во февруари, на кои ниту една партија не освои доволно мнозинство за созадавање Влада, Италија се уште нема нов владин кабинет, па со земјата и натаму управува „техничката“ Влада на Марио Монти. Движењето на Грило освои 25 отсто од гласовите, но тој одбива да прави коалиција со која било од двата големи политички сојузи во земјата.
Доколку не се формира нова Влада, претседателот Наполитано ќе мора да закаже одржување на нови парламентарни избори во земјата, без разлика што досегашната политичка блокада го попречува спроведувањето на неопходните реформи за стабилизација на домашната економија.
Џорџо Наполитано има 87 години и тој е долгогодишен политичар, припадник на италијанаката левица и некогашен висок функционер на поранешната Комунистичка партија на Италија.