(ВИДЕО) Ѓорѓиевски: ВМРО-ДПМНЕ ги повикува Заев и Анѓушев да ги вратат парите кои ги земаа од народот како државна антикризна помош

Од:

„Зоран Заев пред само недела дена кажа дека со таканаречените антикризни мерки му помага на народот и стопанството. Само неколку дена подоцна гледаме како народните пари преку буџетот завршуваат на сметката на фирмите на семејството Заеви како Еленица, каде управител е неговиот брат Вице Заев, а основач неговиот бртучед Трајче Заев.

Да ја погледнеме изјавата на Заев од пред една недела. Пакетите мерки се наменети за џебот на Заеви и врхушката на власт. Никогаш доста за Заеви. Прикажале приход од 5 милиони евра а сега земаат од државата помош“, рече Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Наместо на сметките на фирмите на кои реално им треба помош, парите завршија во џебот на Заеви. Заеви не се фаќаат за џебот кога треба да дадат, туку единствено кога треба да земаат од нашиот народот.

Згора на тоа освен Еленица на Заеви, државна помош од 106 илјади евра добила и фирмата на доскорешниот потпретседател на Владата и близок соработника на Зоран Заев Кочо Анѓушев. ВМРО-ДПМНЕ бара и ги повикуваме Заев и Анѓушев да ги вратат парите кои ги земаа од државата како државна антикризна помош. Ова преставува сериозен сомнеж за злоупотреба и ќе треба обвинителство сериозно да го испита овој случај.

Овие луѓе немаат образ. Ова значи помалку пари за компаниите а повеќе пари за Заеви“, изјави Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Панова: Стратегијата на претходната влада не донесе во ќорсокак со евроинтеграциите

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО