Денеска се затворени сите училишта во холандскиот град Лајден. До училишните згради дежураат вооружени полицајци, соопшти Би-Би-Си.
Локалните власти наредија мерки за претпазливост откако непознати лица на Интернет се заканија со масовно пукање во едно од градските средни училишта.
Корисник на форумот на англиски јазик 4Chan синоќа предупреди дека „ќе пука кон својот наставник по англиски јазик и колку што е можно повеќе соученици“.
Тој, меѓутоа, не прецизирал каде учи и затоа денеска е откажана наставата во сите училишта.