Влада: Помош до 3.000 денари за средношколците од семејства со ниски приходи, за да купат училишен прибор

Од:

Владата на вечерашната седница ја разгледа и ја усвои информацијата од Третиот сет економски мерки за ревитализирање и рестарт на економијата во услови на КОВИД-19, и даде согласност за ваучери за средношколци кои доаѓаат од семејства со ниски приходи во максимален износ до 3.000 денари да се искористат за купување на училишен прибор, и за оваа намена донесе Уредба со законска сила за доделување на средства на ученици запишани во јавните средни училишта за купување на училишен прибор, а кои се од семејства со ниски приходи за време на вонредна состојба.

Денеска е донесена и Уредбата со законска сила за издавање на ваучери на млади лица за стекнување со информатичко-технолошки и дигитални вештини заради подобрување на нивната конкурентност на пазарот на труд за време на вонредна состојба, со која се уредуваат условите, начинот и постапката за издавање и користење на ваучери со номинална вредност до 30.000 денари, издаден од Министерството за образование и наука, на млади лица за обуки за дигитални вештини заради подобрување на нивната конкурентност на пазарот на трудот, погодени од здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот КОВИД-19.

Средствата за спроведување на оваа уредба се обезбедени од Буџетот преку Програмата на Министерството за образование и наука П1-Мерки за справување со Ковид-19 кризата, во вкупен износ од 150 милиони денари.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Владата го усвои Предлог законот за соодветна и правична застапеност

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ и партнерите ќе одбележат една година власт пред платото на Владата

ВЛЕН: Следната недела се затвора историска рана, ќе биде донесен законот за правична застапеност на Албанците

Владата ја усвои новата Стратегија за конфискација на незаконски стекнат имот

Ребалансот на буџетот треба да биде на владина седница најверојатно во четврток

Повредените и семејствата на починатите во трагедијата во Кочани не се сами, порача Владата