Меѓу денеска починатите е 31-годишна трудница од Гостивар

Од:

Една од најмладите пациенти кои ја изгубија битката со коронавирусот, а е меѓу денешните случаи, е 31-годишна жена од Гостивар која била бремена.

Болнички извори за „А1он“ тврдат дека жената првично била донесена на Гинеколошко-акушерската клиника, било констатирано дека е позитивна на Ковид-19 и на 26 мај родила мртов плод.

Веднаш потоа, жената била префрлена на Инфективната клиника каде што биле вложени сите напори, но нејзината здравствена состојба била исклучително тешка.

„Навистина се направи се што можеше. Секојдневно ја следевме, но во последниве десетина дена нејзината состојба се повеќе се влошуваше“, велат извори од клиниката.

Ова е втора трудница која почина во земјава како последица на коронавирусот. Претходно почина 27-годишна жена од Куманово, која претходно роди здраво бебе, негативно на Ковид-19.

Позитивен на коронавирусот беше и нејзиниот свекор, кој исто така почина.

Би можело да ве интересира

На Инфективна почина 69-годишен пациент поради компликации од грип

Почина пациентка од грип, уште двајца пациенти на респираторна поддршка на Инфективна

Горан Наумовски

Пациентот со мајмунска сипаница е во добра здравствена состојба, вториот не се јавил на Инфективна

На Инфективната клиника во Скопје недостасуваат дури 100 нови вработувања

Пензионер од кочанско почина од компликации од Западно-нилска треска

Катерина Ѓуровски

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски