Бразил: Полицајци осудени на 156 години затвор

Од:

Бразилскиот суд осуди 23 полицајци по 156 години затвор, поради убиства на 13 затвореници во текот на затворскиот масакар во Сао Паоло 1992 година.

Во текот на масакрот во затворот Карандиро, во Сао Паоло загинаа вкупно 111 затвореници, а обвинитеството утврди дека поголем број од нив се убиени од непосредна близина.

Дваесет и трите осудени полицајци од кои повеќето се во пензија, најпрвин беа обвинети за убиство на 15 затвореници, но подоцна е утврдено дека две жртви се убиени од други затвореници.

Се очекува во наредните месеци уште десетина полицајци да бидат изведени пред суд поради поврзаност со овој случај.

Полковникот Убиратан Гимараеш, кој ја предводеше полициската операција во затворот Карандиру, беше осуден 2001 година за употреба на прекумерна сила, но 2006 година беше ослободен.

Немирите започнаа во октомври 1992 година по кавга помеѓу двајца затвореници, која набргу се проширила, поради што дошло до судир помеѓу ривалските банди во еден од најголемите јужноамерикански затвори од тоа време.

-Не се надевавме дека ќе дојде полицијата и дека ќе убива се по ред, бидејќи сите не беа вклучени во бунтот. Полицајците пукаа во секого. Доколку им погледневте во очи ќе бевте мртви –изјави еден од поранешните затвореници за „Би би си“.

Карандиру е затворен 2002 година, откако истовремено во 27 затвори ширум државата Сао Паоло беа организирани бунтови.

„Би би си“ оцени дека иако затворските бунтови се вообичаени во Бразил, бројот на загинатите во Карандиру и лежерноста на бразилскиот правосуден систем обвинетите да ги изнесат пред лицето на правдата, ги шокираа домашната и светска јавност.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски

Бразилската полиција го идентификуваше бомбашот пред Врховниот суд

ВИДЕО: Бразилски политичар удри конкурент со стол за време на дебата

Бразил продолжи со катастрофалната игра, загрозен е пласманот на Мундијалот по поразот од Парагвај

Предраг Петровиќ

Судот во Бразил ја потврди забраната за социјалната мрежа Х

Врховниот суд на Бразил го забрани Х на Маск