На видео снимка, која е објавена на социјалните мрежи, се гледа како млад канадски полицаец од Кралската шумска полиција брутално апси еден маж.
Интервенцијата се случила на 10 март во Форт Мекмареј, канадската држава Алберта.
Полицаецот насилно го соборува на земја, а потоа го удира Адам Алан, американски староседелец и поглавица на племето Атабаска.
Протестите во САД и во светот, организирани поради полициската бруталност и на кои се бараат реформи во полицијата, се проширија и низ Канада.
Началничката на Кралската шумска полиција, Бренда Лаки првично изјави дека не може со сигурност да каже дали „систематскиот расизам е проблем во канадската полиција“, но вчера издаде соопштение во кое се корегира и потврдува дека „систематскиот расизам претставува проблем во секоја канадска институција, вклучувајќи ја и Кралската шумска полиција“.
Канадскиот премиер Џастин Трудо побара независна истрага на овој случај.