Милевски: Над 50 милиони евра инвестирани во селата за специфични потреби

Од:

Околу 50 милиони евра е моменталната поддршка која Министерството за локална самоуправа ја дава како поддршка за селските средини во изминатиот период. Ова од Делчево го истакна министерот за локална самоуорава Горан Милевски, кој рече дека и покрај здравствената криза, проектите за специфични потреби во руралните средини не застануваат.

– Овој период иако се одземаа средствата заради кризата, успеавме како Министерство да заштедиме над 50 милиони евра и повторно да ги инвестираме во селата за специфични потреби. Денеска, тука е и поранешниот министер за земјоделство Љупчо Николовски, со чие залагање во неговиот мандат, преку Платежната агенција навистина се обезбедија значителни средства за поддршка на селските средини за изградба и реконструкција на патишта, рече Милевски.

Милевски посочи дека очекува со исто темпо да продолжи реализацијата на проектите и по изборите.

– Ако со ова темпо со своите програми продолжат сите министри, ако инвестираат во своите подрачја ќе направиме успех. Еден човек сам не може ништо да направи, како што овде во Делчево не може сам градоначалникот ништо да направи, ако не е заедничката поддршка. Со една заедничка работа, се надевам и после изборите, ќе продолжиме да работиме на капитални проекти, додаде министерот Милевски.

Меѓу таквите капитални проекти, Милевски ги напомена изградбата на зелениот пазар во Делчево, кој според проектираното ќе биде еден од најмодерните на ова подрачје, како и изградбата на градската капела која е во завршна фаза.

Би можело да ве интересира

ЛДП предлага отповикување на градоначалници и широка расправа по однос на Законот за локална самоуправа

ВМРО-ДПМНЕ: Локалната самоуправа има три пати повеќе доверба од народот за разлика од власта

Пенов: Со изградба на стационар Владата го решава проблемот со бездомните кучиња во девет општини во Вардарскиот регион

Ана Ололовска

Пенов: Не сме задоволни од ангажманот на општините во прибирањето на сопствените средства

Ана Ололовска

Пенов: Со барањето за „заедница на албанските општини“ некој сака да лови политички поени

Ана Ололовска

Димитровски поднесе оставка од функцијата заменик-министер за локална самоуправа

Ана Ололовска