Националното собрание на Франција и изгласа доверба на новата, левичарска Влада на премиерот Жан-Марк Еро.
– Од 544 пратеници гласаа 527, а „за“ поддршка на Владата гласаа 302, „против“ новата влада се изјаснија 225 пратеници, изјави вчера претседателот на Собранието, Клод Братолон.
„За“ новата Влада хласаа пратениците на Социјалистите, еколошката партија ЕЕЛВ и радикалната левица, додека Левиот фрон беше „воздржан“. „Против“ гласаа конзервативните партии УМП и УДИ – Сојуз на демократи и независни.
Во кусото обраќање до пратениците Еро им се заблагодари на довербата.