Владата ја прифати пресудата на Стразбур што ја добија исклучените од парно

Од:

Владата на денешната седница ја разгледа и ја усвои Информацијата за можноста за упатување жалба на предметот Стрезовски против Северна Македонија и седум други, и донесе заклучок да не поднесе барање за обжалување на пресудата пред Големиот судски совет на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП).

„Со оваа одлука да не ја обжали одлуката на ЕСЧП, Владата ја прифати пресудата на судот по предметот Стрезовски против Северна Македонија и 7 други што го покренаа осуммина граѓани од нашата земја кои се жалеа обврската да плаќаат надоместок за парно греење на приватните снабдувачи со топлинска енергија, иако беа исклучени од топловодната мрежа“, пишува во владиното соопштение.

Би можело да ве интересира

Влада ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 мај

Горан Наумовски

Владата најави поевтинување на дизелот за 6,5 денари

Владата одлучи: Нема да трошиме време и пари на референдум за европскиот пат

Горан Наумовски

СДСМ: Владата потфрли во економијата и ги разочара граѓаните

Нови правила за игрите на среќа: Казината 500 метри од училишта, забрана за апарати во обложувалници

Горан Наумовски

Именувана е новата унгарска влада