Во галеријата на Младинскиот културен центар вечер ќе биде отворена изложба на избрани дела на сликарот Иван Велков.
На македонската ликовна сцена Велков е забележан како автор на препознатливи дела со експресионистичка, кубистичко-конструктивистичка, геометриска и лирска апстракција.
Изложбата во галеријата на МКЦ ќе биде отворена до 18 мај.
Велков е роден 1930 година во Врање. Дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Белград. Во 1954 година се зачленува во Друштвото на ликовните уметници на Македонија, а шест години подоцна со Петар Мазев ја оформуваат познатата ликовна група „Мугри“. Повеќе пати изложувал во Македонија и во Европа и пошироко, 30-тина години бил професор на Архитектонскиот факултет во Скопје, а починал на 25 мај 2008 година на 78-годишна возраст.