Струшкото обвинителство побара парични казни за три лица

Од:

Основното јавно обвинителство Струга побара парични казни за три лица поради непочитување на полицискиот час.

– Поради сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ од член 206 став 1 од Кривичниот законик, Основното јавно обвинителство Струга за три лица поднесе предлози за издавање казнени налози со кои му предложи на Судот на обвинетите да им изрече парични кзни во висина од по 100 дневни глоби, секоја од нив во вредност од по 30 евра во денарска противвредност, соопшти Јавното обвинителство.

Обвинетите, како што е наведено во соопштението, не ја почитувале Одлуката за забрана на движење на населението на територијата на Република Северна Македонија, па со возила или пеш се движеле во околината на Струга.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски