Физички нападната новинарка на НОВА

Од:

Новинарка од екипата на интернет телевизијата НОВА, физички била нападната на избирачкото место во Домот на градежници во Центар, додека се обидувала да направи снимки од гласачи од Пустец, објавува НОВА.

Напаѓачите, според нивните информации биле гласач и член на избирачкиот одбор. Гласачот интервенирал во моментот кога ја забележал прес-картичката, при што со викање ја повикал полицијата за наводно физички напад врз него од страна на репортерката на НОВА, која воопшто немала никаков физички контакт со него.

По влегувањето на местото на гласање, членот на избирачкиот одбор ја нападнал репортерката, додека полицијата мирно стоела на страна и не интервенирала воопшто.

После 2 часа од инцидентот, полицијата ја повикала репортерката за да ја легитимираат, со образложение дека ваква наредба им дале од повисоки инстанци од МВР. При тоа, полицајците одбиле да се легитимираат пред новинарката и ја посоветувале да не презема ништо, затоа што се ќе биде на нејзина штета.

Би можело да ве интересира

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“

Мерц по поразот: „Повеќе немаме задоволителни одговори на премногу прашања“

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

Илјадници луѓе ширум Србија чекаат во ред да ја поддржат листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“

Вучиќ: Ќе поднесам оставка на 25 или 26 септември, во кампањата ќе настапам како обичен граѓанин

Горан Наумовски

Мицкоски: Нека поднесе опозицијата барање, ќе одиме на избори и ќе победиме