Франција не исклучува можност преговорите за односите по брегзит да завршат беа договор

Од:

Според официјален Париз, ќе биде „тешко“ преговорите за трговските односи меѓу Велика Британија и ЕУ по брегзит да завршат во рок од четири месеци и не ја исклучува можноста дека нема да се постигне договор.

– Според преговарачот на ЕУ, Мишел Барние, преговорите треба да бидат завршени до крајот на октомври, што изгледа објективно тешко да се постигне, изјави францускиот министер за европски прашања, Амели де Моншален.

– Ние мора веднаш да се подготвиме за сите сценарија, а особено за немање трговски договор, предупреди таа.

Минатиот петок Барние рече дека британските и европските преговарачи не постигнале „значителен напредок“ во разговорите за односите по брегзит, обвинувајќи го Лондон дека не ги исполнува условите за напуштање на Европската Унија.

Барние рече дека договорот мора да биде постигнат пред 31 октомври, за да биде ратификуван до крајот на годината, кога Велика Британија ќе го напушти единствениот пазар и царинската унија на ЕУ со или без трговски договор.

Моншален рече дека Комисијата за европски прашања во францускиот Сенат смета дека британскиот премиер Борис Џонсон нема да бара продолжување на терминот 31 декември, кога Велика Британија по 47 години ќе ја напушти целосно Унијата.

Би можело да ве интересира

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

(ВИДЕО) Заврши заложничката криза во Париз: Заложниците ослободени, киднаперот уапсен

Горан Наумовски

Заложничка криза во близина на Париз, маж заробил луѓе во ресторан: Голем број полицајци на улица

Мајка убила три деца затоа што сакала да му се одмазди на својот партнер

Трагедија во Франција: Мајка е осомничена дека избоде три деца до смрт

После изборот на Трамп: Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро се надева на мир на Блискиот Исток