(ВИДЕО) Николовска: Ако Русковска не го повика за „Рекет“, тоа е уште една амнестија за Заев

Од:

„Доколку јавното обвинителство не го повика 3оран 3аев и не отвори случај по исказот даден во судница, тоа ќе се смета за уште една во низата на амнестии за 3оран 3аев. Доколку ОЈО не го повика 3оран 3аев тоа ќе значи признавање дека обвинителството работи по диктат на Заев, но и јавно признавање дека 3оран 3аев стои зад случајот „Рекет“. Јавното обвинителство мора, има обврска и должност да постапува по допрен глас согласно своите надлежности и овластувања, а предвидени во нашите закони“, вели Ружица Николовска од ВМРО-ДПМНЕ.

„ЈО е должно да го штити јавниот интерес и да не дозволи никој, па ни 3оран 3аев да е над законот. ЈО продолжува да биде затворено во пупката на Заев. Дури ни по барање на првообвинетиот во случајот „Рекет“, неговиот мобилен телефон но ни мобилниот телефон на Заев не се земени на вештачење, иако јасно и недвосмислено е посочено на постоење на порака со содржина – „Дојди да се видиме и ќе ги соочиме доказите“.

Внимавајте, премиер на држава, две недели пред наводно да го пријави случајот, во ОЈО, повикува на сега првообвинетиот нагласувам, на „соочување на докази“. Тоа може да се толкува само дека 3оран 3аев поседува докази за време на истрага, а можеби и пред истрага во време пред воопшто рекет да биде пријавен, тоа значи дека 3оран 3аев знаел за рекетот и дека во најмала рака изигрува обвинител и судија, а уште повеќе глава на злосторничкото здружување за рекетирање.

ВМРО-ДПМНЕ не прави компромиси со криминалот, македонскиот народ повеќе не може да трпи компромиси со криминалот, а со 3оран 3аев и СДСМ Македонија тоне, и тоа тоне во криминал, корупција, сиромаштија и срам.

Апелираме до обвинителите во ОЈО и Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција да се охрабрат и да излезат од сенката на Јовевски и Рускоска и да застанат во одбрана на правото и правдата.

Одговорност мора да има и ќе има“, изјави Ружица Николовска од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски