А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: Кристијан Ландов
Македонија

Османи смета дека изборите можат да се одржат на 5 јули, без собири и средби со граѓани

by Кристијан Ландов11/06/2020 - 12:1011/06/2020 - 13:00659
Share0

Вицепремиерот Бујар Османи ѝ натаму смета дека на 5 јули можат да се одржат предвремените парламентарни избори, додека, во однос на кампањата кажа дека во вакви услови, на сите им е јасно дека нема да може собири и средби со граѓаните. За продолжувањето на вонредната состојба, Османи кажа дека утре ќе се направи проценка, по што ќе се даде предлог до претседателот Стево Пендаровски.

Добивај вести на вибер

„Во однос на изборите, на сите ни е јасно дека во вакви услови, класична кампања во смисла на собири и средби со граѓаните не може да има. Дилемата е повеќе дали изборниот ден се разликува од другите секојдневни активности на граѓаните кога ги обавуваат своите нормални животни функции. Тоа ќе се има во предвид при донесување на конечната одлука. Датумот на избори треба да формално да го потврди претседателот на Собранието, изменувајќи ја одлуката за распишување на изборите од 12 април. Да почекаме да видиме уште неколку денови како ќе се одвиваат консултациите и пресекот на епидемиолошките трендови“, рече Османи.

За уредбата која е изгласана вчера од страна на Владата, а во која останува рокот од 22 дена по истекот на вонредната состојба да се одржат изборите, Османи кажа дека се допрецизирале обврските кои ќе ги има Министерството за здравство, односно, начинот на обезбедување на заштитни средства за Државната изборна комисија.

„Со вчерашната уредба на направивме прецизирања од аспект на контролата на изборната листа, повикувајќи се на законската норма, но и неколку обврски кои ќе ги има Министерството за здравство за да ги обезбеди заштитните средства за ДИК. Јас сеуште се надевам дека комуникацијата дека помеѓу политичките партии ќе продолжи идните денови, сеуште мислам дека има простор за еден правичен, инклузивен процес на 5 јули. Околу вонредната состојба, очекувам дека проценката ќе се направи во текот на утрешниот ден и не сакам да прејудицирам, бидејќи идејата беше на крајот од неделата, еден ден пред да истече рокот да направиме еден пресек на епидемиолошките трендови и потоа да му предложиме на претседателот понатамошни одлуки“, додаде Османи.

Тој кажа дека ниту на политичарите не им е лесно да зборуваат за избори во време на зголемен број на заболени од коронавирус, но ќе се обидат да ги менаџираат двете состојби.

„Здравјето на граѓаните е пред било кој општествен процес. Нас темата избори ни е наметната поради тоа што сме уникатен пример во светот, кој во тек на пандемија нема функционален парламент по ничија вина затоа што се распушти Собранието со намера да имаме избори на 12 април. Не ни е лесно ни на нас како политичари да зборуваме за избори во услови на зголемени бројки, но наметната е како тема и се обидуваме да ги менаџираме двете состојби. Потешкотиите без немање на функционално Собрание, техничката Владата наменета за избори а не за справување со пандемијата со сите ограничувања кои ги има и од друга страна овој втор бран од епидемијата“, рече Османи.

izbori 2020vlada

Би можело да ве интересира

Владата ги утврди новите амбасадори – Муртезани заминува во НАТО, Ефремов во Софија

Горан Наумовски17/02/2026 - 22:02

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски17/02/2026 - 13:3517/02/2026 - 13:37

Последна блокада на ССМ пред Владата во барање за зголемување на платите

Горан Наумовски16/02/2026 - 14:3416/02/2026 - 16:14

Курти го претстави составот на новата косовска влада, Ненад Рашиќ е предложен и за министер

Горан Наумовски11/02/2026 - 22:45

Деановски и Ралповски: Постигнат e договор со Владата за унапредување на правата на административците

Горан Наумовски08/02/2026 - 14:0108/02/2026 - 14:02

Ревизорите алармираат: Владата плаќа скапи возила на лизинг без вистинска конкуренција

Горан Наумовски05/02/2026 - 13:18
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен