Членови на британското кралско семејство се собраа во Бакингемската палата за да го простават 87-от роденден на кралицата Елизабета Втора.
-Како што се наведува во соопштението од Бакингемската палата кралицата роденденот го слави приватно, со членовите на семејството.
Бидејќи годинава роденденот се падна во недела, утре попладне ќе бидат исфрлени 41 плотуни, во рамките на воената прослава.
Кралицата Елизабета Втора е родена на 21-ви април во 1926 година. Покрај овој британската кралица официјален роденден слави и во јуни, кој го одбележува со церемонија насловена „Парада на шарени униформи“.
Елена Георгиевска