Finance Think: Со финансиската поддршка за компаниите се сочувале 80 проценти од работните места

Од:

Финансиската поддршка од 14.500 денари по работник, надополнета со субвенционирањето на придонесите во висина од 50 проценти кај најзасегнатите сектори во транспортот и угостителството овозможила зачувување на околу 80 проценти од работните места кои биле високопогодени и било извесно дека ќе бидат затворени, покажуваат податоците од симулацијата направена од „Finance Thinк “.

Со овие мерки се зачувале околу 75 илјади работни места кои биле под висок ризик да бидат изгубени.

– Поради околностите сврзани со пандемијата во време на пишување на овој бриф, Finance Think и препорачува на Владата на Северна Македонија да го продолжи важењето на овие мерки и за јуни 2020, се вели во информацијата.

Според Finance Think, фискалниот трошок на државата се проценува на 93,2 милиони евра за оваа мерка. Од овој износ, 5,9 милиони евра месечно, односно 11.8 милиони за двата месеца отпаѓаат на најпогодените сектори во транспортот и угостителството, со покривање од околу 22 илјади работници. Дополнителни 810 илјади евра изнесува финансискиот трошок за мерката за субвенционирање на половина од придонесите во транспортот и угостителството.

Симулацијата покажува дека околу 32 илјади работни места во најпогодените сектори и
околу 43 илјади работни места во високопогодените сектори биле под ризик да бидат
уништени. Вкупниот износ на работни места кои би биле изгубени поради кризата
се проценува на 75 илјади што претставува 9.2 проценти од вкупните вработени во државата.

Резултатите покажуваат дека без финансиска поддршка на претпријатијата за задржување на работните места, стапката на невработеност би изнесува 23,9 проценти.

Би можело да ве интересира

Американските компании ги заменуваат работниците со роботи

А1он

Во Британија 782.000 луѓе останале без работа од почетокот на пандемијата

Жарко Настоски

Слободни 8.459 работни места, најмногу во услужните дејности и продажба

Наум Локоски

Во вториот квартал годинава 7.500 слободни работни места

Наум Локоски