(ВИДЕО) Костовски од ВМРО ДПМНЕ: Заев нема ставено камен на камен, откако СДСМ е на власт

Од:

Дарко Костовски од ВМРО ДПМНЕ на денешната прес конференција го обвини лидерот на СДСМ, Зоран Заев, дека нема ставено „камен на камен“ во минатите три години откако СДСМ е на власт.

„Зоран Заев очајно лаже и се фали со слики од проекти во други држави, дека ги изградил во Македонија.

Зоран Заев камен на камен нема изградено во периодот од повеќе од три години колку што е власт. Државата буквално стагнираше изминативе години со него и СДСМ.

Сликите од инфраструктурните проекти со кои Зоран Заев се фали на својот профил на фејсбук се најбрутална лага. Зоран Заев лаже и затоа треба да им се извини на граѓаните.

Зоран Заев лаже за проектите кои не ги направил како што лаже и за пакетот мерки за граѓаните и стопанството, со кој на никој не помага. Македонија е во полн ек на криза, а државата освен што се задолжува и ништо друго не прави.

Зоран Заев лаже за проектите кои не ги направил како што лаже дека сме ја победиле и короната, а само два дена потоа се соочивме со најголемиот пик од почетокот на пандемијата.

Се што кажа Заев излажа.

Заев треба да се извини и за лагата, но и за неговата неработа, како и за криминалот, корупцијата и сиромаштијата во кои ја потонаа Македонија.

СДСМ веќе не знае во која насока ја движи државата.

ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ добиваме само хибриден режим, криминал, корупција и сиромаштија“, рече Костовски.

Би можело да ве интересира

Лозановска: Во времето на СДС и ДУИ се нарачуваа судски пресуди и сето тоа доведе довербата на граѓаните во правосудството да падне на цели 2%

СДСМ: Владата потфрли во економијата и ги разочара граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче соработува со лица што го негираат македонскиот идентитет

Министерството за транспорт ги објави четирите понуди за електричните автобуси, тврдењата на СДСМ ги оценуваат како паушални

ВМРО-ДПМНЕ: СДС шири невистина со поништената набавка на 150 електрични автобуси

Манасиевски: Венко Филипче специјалниот пратеник на Румен Радев за Македонија заедно со Рубин Земон се главни соработници на бугарската пропаганда во Македонија