ММФ: Развените земји да поттикнат раст

Од:

Извршната директорка на Меѓународниот Монетарен Фонд (ММФ) Кристин Лагард вчера на почетокот на пролетното заседание на Фондот и Светската банка во Вашингтон апелираше развиените земји да го поттикнат економскиот раст и да применат мерки за надминување на глобалната криза која трае веќе пет години.

Таа истакна дека Европа, Јапонија и САД не вложуваат доволно напори за повторно воспоставување на цврсто и одржливо темпо на глобалниот економски раст.

-Светското стопанство и понатаму се соочува со значајни проблеми, со ризик за продолжување на периодот на кризата-изјави Лагард, и додаде дека се појавуваат нови ризици поради економските мерки кои се применуваат, како и кочниците кои го спречуваат економското опоравување.

Лидерката на ММФ истакна дека ја радува тоа што се избегнати катастрофи, како распадот на еврозоната, но сепак на развиеното стопанство му даде негативна оценка.

-Американските јавни финансии, и понатаму се во неодржлива состојба, и потребен е целокупен план за остварување на поголеми приходи. Во Јапонија која има најголем долг во светот, примената на краткорочни стимулативни пакети, го зголемува ризикот на државните финансии, поради што Токио мора да направи амбициозен планза фискална консолидациаји стратегија за раст – нагласи таа.

Кога станува збор за Европа, Лагардова истакна дека еврозоната има најголема потреба да го избалансира поттикнувањето на растот со потребни реформи.

-Глобалното стопанство го избегна најлошото, но тоа никако не значи дека се надминати проблемите -заклучи Кристин Лагард.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Димитриеска-Кочоска на средби во ММФ – Го стабилизираме управувањето со јавните финансии, фокусот е на дисциплинирано буџетско трошење, ефикасно прибирање на приходите и економски раст

ММФ: На глобалната економија и се закануваат високи долгови и низок проектиран раст

Гувернерката Ангеловска-Бежоска на Годишните средби на ММФ и Светска банка

ММФ: Војната во Украина продолжува да предизвикува загуби, ќе трае најмалку уште една година

Горан Наумовски

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА

МФ: ММФ го објави извештајот од Мисијата за член IV и ПЛЛ – Економијата зајакнува поттикната од јавните инвестиции, инфлацијата се намалува, се остваруваат фискалните цели