Берсани поднесе оставка од лидер на Демократската партија во Италија

Од:

Пиер Луиџи Берсани, лидерот на италијанските левоцентристи, водечката политичка сила во земјата по парламентарните избори од 24 и 25 февруари, поднесе оставка по реизборот на претседателот Џорџо Наполитано, пренесоа американските медиуми, повикувајќи се на негов близок соработник.

Берсани вети дека ќе се повлече од претседателската функција во Демократската партија (ДП), водечката сила во левоцентристичкиот блок, откако повеќемина нејзини пратеници вчера не ги почитуваа неговите укажувања и не го поддржаа од него посочениот претседателски кандидат Романо Проди.

Откако Наполитано беше реизбран за претседател на Италија како компромисна варијанта со цел Италија да излезе од политичкиот ќорсокак во кој западна по парламентарните избори, кои не дадоа јасен победник, лидерот на ДП го оддржа своето ветување.

Заедно со Берсани оставка поднело и целото раководство на партијата.

Би можело да ве интересира

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Откриена е мафијашката мрежа Камора и Коза Ностра, една трага води до Балканот

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес го погоди југот на Италија

ВИДЕО: Поплави, свлечишта, затворена железница и училишта во Италија

(ВИДЕО) Израел ги налути сојузниците: Престанете да пукате на силите на Обединетите нации

Катерина Ѓуровски