Турскиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган, денеска изјави дека неговата Влада ќе обезбеди субвенции за зголемување на вработеноста и поддршка на индустријата да го одржи растот на извозот и производството, во услови кога економијата е погодена од корона-кризата.
Во изјавата дадена по состанокот на владата, Ердоган исто така рече дека државата ќе ги олесни мерките за останување дома за оние над 65 години и под 18 години.
Во Турција денеска, според порталот „Ворлдметерс“, се регистрирани 18 нови смртни случаи од коронавирус, со што вкупниот број на смртни случаи достигна 4.729.
Во исто време, бројот на новозаразени денеска се зголеми за 993, на вкупно 172.114 лица.