На подрачјето на ОВР-Кичево во изминатото деноноќие полициските службеници констатирале 39 прекршоци за неносење лична заштита на лицето,за што се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид -19, информира портпаролот Стефан Димоски.
Тој додаде дека на подрачјето на ОВР Кичево, во моментот во изолација се 22 лица, додека пак во самоизолација се регистрирани вкупно 14 лица.