А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Американската Влада ни додели дополнителни 450.000 долари за справување со корона кризата

by А1он09/06/2020 - 15:38242
Share0

Соединетите Американски Држави преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД), доделија дополнителни 450.000 американски долари за поддршка на Северна Македонија во борба против пандемијата на Ковид-19, со тоа достигнувајќи го својот вкупен придонес од 1,5 милиони американски долари.

Следете a1on на Instagram Instagram

Во партнерство со Фондот за деца на Обединетите нации (УНИЦЕФ), како што соопштија од канцеларијата на УСАИД во Скопје, овие дополнителни средства ќе бидат наменети за поддршка на: координација, планирање, следење, работење и логистика, кризна комуникација и вклучување на заедницата и управување со случаи и спречување и контрола на инфекции во здравствените установи.

– Американската Влада е горда што ја канализира дарежливоста на американскиот народ да се бори против оваа пандемија заедно со нашите сојузници. Преку нашето партнерство со УНИЦЕФ, ќе ги зголемиме итните здравствени, хуманитарни и економски активности од владата, приватниот сектор и невладините организации, како и меѓународната заедница, истакна американската амбасадорка Кејт Брнз.

Во повеќемесечната борба против пандемијата со Ковид-19, дома и во светот, како што се посочува, САД продолжуваат да ја преземаат глобалната одговорност, прераснувајќи низ децении во лидери при пружање здравствената и хуманитарната помош.

Следете a1on на Youtube YouTube

Преку великодушноста на американскиот народ, нашата странска помош спасува животи и ги намалува штетите за економијата низ целиот свет. Во изминатите 20 години, САД имаат инвестирано повеќе од 738 милиони американски долари во вкупна помош за Северна Македонија, од кои 11,5 милиони американски долари само како помош за здравството. Поддршката на УСАИД за Северна Македонија за справување со пандемијата е пример за целокупната поддршка на Владата на САД за земјите од целиот свет. Со децении, САД обезбедуваат најголема билатерална помош во јавното здравство во светот. Од 2009 година, од парите на американските даночни обврзници се одвоени повеќе од 100 милијарди долари здравствена помош и скоро 70 милијарди американски долари хуманитарна помош на глобално ниво. Бидејќи заканата од заразни заболувања е закана за сите, САД ги повикуваат другите донатори да придонесат во глобалните напори за борба против Ковид-19, стои во соопштението.

koronavirus mkdsad

Би можело да ве интересира

САД: Иран мора да преговара или ќе се соочи со нови напади

Горан Наумовски19/05/2026 - 07:12

Исламабад му достави на Вашингтон ревидиран ирански предлог

Горан Наумовски19/05/2026 - 07:00

Генерал Резаи: Сериозни сме во преговорите, уште посериозни во војната и одбраната на Иран

Горан Наумовски18/05/2026 - 10:2118/05/2026 - 10:22

Иран: Оманскиот Залив ќе биде гробница за американските бродови

Горан Наумовски18/05/2026 - 08:11

Козио: САД е агресорот, Куба е подготвената за одбрана

Горан Наумовски18/05/2026 - 07:23

Аслани: „САД сакаа да ја искористат војната како адут за преговарање со Кина“

Горан Наумовски15/05/2026 - 11:5615/05/2026 - 15:19
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто