А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Одбележување на Денот на планетата Земја

by А1он21/04/2013 - 09:42132
Share0

Денот на планетата Земја – 21 април денеска ќе се одбележи со хепенинг во Зоолошката градина во Скопје, во организација на невладините „Уметност на живеење Македонија“, „СУНА“, „Банка за храна Македонија“ и „Арт Лајф“.

Добивај вести на вибер

Целта на овој настан е подигнување на свеста кај луѓето за чување на планетата Земја, заштита на животната средина и почиста околина со што, како што истакнуваат организаторите, се вклучуваме во глобалното одбележување заедно со повеќе од милијарда луѓе и организации низ целиот свет.

Во рамки на настанот ќе се реализира и аукција на слики од „Ретки билки и ѕверки“, слики на платно исцртати од децата aмбасадори на животната средина од средните училишта низ Македонија. Средствата ќе бидат наменети за Едукативен центар за заштита на децата на улица од Шуто Оризари.

Стручни лица, професори од основни училишта ќе зборуваат на еко тема „Чување и заштита на животната средина“, а учениците својата порака за зачувување на планетата Земја ќе ја испратат преку ЕКО-театарска претстава во која ќе учествуваат три основни училишта од Скопје.

Кон одбележување на Денот на планетата земја ќе се приклучи и Јавната установа за згрижување деца со воспитно социјални проблеми – Скопје.

zemja

Би можело да ве интересира

Преку 100 организации низ целиот свет бараат ново човеково право – на здрава Планета

Ана Ололовска23/07/2020 - 10:2723/07/2020 - 10:27

Одбележување на Денот на планетата Земја со „зелено ветување кон самите себе“

Ана Ололовска22/04/2020 - 11:34

ДОМ: Со акција „Селектирам Дома“ го одбележуваме Денот на планетата Земја

Ана Ололовска22/04/2020 - 11:3322/04/2020 - 11:33

С. Македонија на 28 март 11-ти пат во мрак за Часот на планетата Земја

Ана Ололовска09/03/2020 - 10:39

Одбележување на 22 Април – Денот на планетата Земја

Ана Ололовска22/04/2019 - 08:36

МЕПСО ќе го исклучи осветлувањето на дирекцијата за поддршка на „Час на планетата Земја“

Ана Ололовска24/03/2018 - 17:28
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен