Тројачанец: Имаме една кандидатура за ректор на УКИМ, другите пријави кога Комисијата ќе продолжи да работи

Од:

Комисијата вчера се состана бидејќи добивме правна поука дека согласно со новата Уредба сите дејствија се ставаат во мирување. Тоа автоматски подразбира и нашата работа, и целосно процесот е во мирување, и течењето на роковите, и пријавување на кандидатите.

Официјално до четврток, кога ние функциониравме, имаше само еден кандидат пријавен најрегуларно. Пријавите по одлуката на Владата од петокот, значи и тие од вчера, нема да важат, иако не е спорно дека има пријавено кандидати. Јас не знам колку бидејќи сега немам потреба да ги гледам, зашто сме во мирување сè додека не биде прекината вонредната состојба.

Ова за МИА го изјави претседателот на Универзитетската изборна комисија за избор на ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ проф. д-р Пламен Тројачанец. Додаде дека Комисијата не го прекинува процесот, зашто таа не го ни почнала, туку само го спроведува и сè ќе продолжи, како што рече, откако соодветните органи на државата ќе кажат дека има законски услови т.е. ќе се прогласи завршување на вонредната состојба.

– Мирувањето на активностите е активирано викендот и во недела излезе во Службен весник. Сите тие кандидати кои планираа да се кандидираат сигурно имаат правни советници кои требало да им кажат дека сè се става во мирување, рече Тројачанец.

На нашето прашање зошто вчера се примале документи за кандидатури, Тројачанец одговори дека тоа е негов пропуст зашто поради природата на неговата работа како ветеринарен хирург доцна дошол во Ректоратот и тогаш ја известил службеничката.

-Но тоа е најмалку спорно. Тие кандидати требало да знаат за одлуката за ставање во мирување објавена претходниот ден во Службен весник. Во никој случај ним нема да им се скрати уште тој еден ден за пријавување откако ќе се создадат законски услови и можности да продолжиме со работа, додаде Тројачанец за МИА.

Би можело да ве интересира

Втор уписен рок за прва година на УКИМ, слободни места има на речиси сите факултети

Почнува уписот на УКИМ, слободни над 9900 места за студенти во прва година

Упис на УКИМ на 29 и 30 август, слободни над 9900 места за студенти во прва година

Средба на претседателката Сиљановска Давкова со македонисти од 57. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ

Предраг Петровиќ

На УКИМ слободни 9.921 места за упис во прва година во 2024/2025

Горан Наумовски

УКИМ повторно рангиран на 1.990 место од 2.000 најдобри универзитети во светот