Трагедија: Додека таткото ја убивал 12-годишната ќерка, мајката немоќно гледала преку Скајп

Од:

Во Либерац, Чешка, започна судењето на таткото кој минатата година ја уби својата 12-годишна ќерка, додека преку Скајп мајката на девојчето убиството го гледала во живо, не мoжејќи да стори ништо.

Марчела Дострасилова, мајката на несреќното девојче, во моментот на трагедијата била во Саудиска Арабија, каде работела како медицинска сестра.

Нејзиниот сопруг, ноќта на 15-ти септември минатата година, на натерал малата Јохана да и се јави на мајка и преку Скајп. Мајката одговорила на повикот, а тогаш таткото со 12 убоди од нож ја убил малата Јохана.

Откако видела што се случува, мајката веднаш се јавила кај соседите и роднините, но кога пристигнале веќе било предоцна за несреќното девојче.

За ова брутално убиство на таткото му се заканува казна доживотен затвор.

Мотивот, според истрагата, е љубомората кон мајката која го издржувала семејството, како и нејзината намера со заработените пари во странство да му помогне на талентираното девојче да се пробие како пејачка.

Би можело да ве интересира

Фиала: Русија повеќе не може да не уценува

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Силна експлозија во ресторан: Шест мртви, осум повредени

Предраг Петровиќ

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица