(ВИДЕО) Срцева: Сведоци сме на трицифрени бројки на новоинфицирани, а не убедуваат оти вирусот слабее

Од:

„Неколку дена сведочиме на троцифрени бројки на новоинфицирани на дневна основа, како и, за жал, на починати, а сепак не убедуваат дека вирусот слабеел!

Воопшто не е така. Ситуацијата со корона вирусот е целосно излезена од контрола. Дополнително на сето тоа се зголемува и бројката на новоинфицирани здравствени работници“, рече Марија Срцева Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Четврти месец во борбата со корона вирусот и лошиот менаџмент, резултира со неконтролирано влошување на состојбата.

Македонија стана црна точка во регионот и пошироко! Има многу новоинфицирани и починати за краток период.

Она што се случува е поигрување со здравјето на граѓаните.

Не смееме граѓаните да се оставиме сами на себе. Не смее и не може граѓаните да се виновни за оваа состојба.

Затоа доста, доста беше залажување, доста со политики. Да се отстапи место на струката, на оние кои директно и секојдневно се соочуваат со последиците предизвикани од овој вирус.

Кога ќе се стави ситуацијата со корона вирусот под контрола ќе имаме време за се, ќе ги отвориме сите теми. Сега единствен приоритет е здравјeто на граѓаните!“, изјави Марија Срцева Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Панова: Стратегијата на претходната влада не донесе во ќорсокак со евроинтеграциите

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО