Бислимоски ќе претседава со 45. Состанок на Одборот на регулатори на Енергетската заедница

Од:

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски, кој лани во декември едногласно беше избран за претседател на Одборот на регулатори на Енергетската заедница (ECRB), денеска онлајн ќе претседава со 45. Состанок на Одборот на регулатори.

Во фокусот на состанокот, според најавата од РКЕ, ќе бидат отпорноста на енергетскиот пазар во време на пандемија, хармонизирањето на европската регулатива со законите од земјите членки на Енергетската заедница и интеграцијата на енергетските пазари на големо.

Состанокот требаше да се одржи во Атаина, но поради здравствената криза предизвикана од пандемијата од коронавирусот КОВИД-19 беше одлучено по првпат средбата на Одборот на регулатори на ЕЗ да се одржи онлајн.

Како што истакна Бислимоски за МИА, доколку праксата со онлајн одржување на состонокот на Одборот на регулатори се покаже како успешна ќе може да се реализира и во наредните години по стивнувањето на пандемијата доколку има таква потреба.

Би можело да ве интересира

РКЕ: Цената на струјата за најголемиот дел од потрошувачите од домаќинствата поскапува за 0,5 отсто

Горан Наумовски

Во ниту еден случај нема да се поскапи парното за домаќинствата, тврдат од Регулаторна

A1on

Бислимоски: Без 200 денари за мрежарина, граѓаните ќе имаа поскапи прв блок и евтина тарифа за 15 отсто

A1on

РКЕ: Неточни се наводите на професорот Трајковски дека мрежарината ги зголемува сметките

A1on

Професор Трајковски: Фиксната мрежарина ги прави сметките поголеми при сите нивоа на потрошувачка

A1on

Бислимоски: За две години се инсталирани фотоволтаици со иста моќност колку РЕК Битола

A1on