Два авиони „Торнадо ГР4“ на британското кралско воено воздухопловство (РАФ) се урнаа крај северниот брег на Скотска, соопшти Министерството за одбрана.
Две лица се најдени и извлечени од морето и со помош на хеликоптери се пренесени во болицата во шкотскиот град Инвернес, но не се знае каква е нивната здравственасостојба.
За другите двајца пилоти покрената е широка потрага во која се вклучени авиони, хеликоптери и бродви, но трагањето на спасувачкте екипи мораше синоќа да биде прекинато порад лошото време на крајниот североисток на Велика Британија.
Претставник на РАФ изјави дека станува збор за сериозен инцидент. Уривањето на двата британски авиони така го оквалификува и шкотскиот премиер Алекс Салмонд.
Отворена е истрага, но засега не се знае прицината за уривањето на двата брорбени авиони „Торнадо“, кои минтото лето учествува во бомбардирањето на територијата на Либија. Се знае само дека авионите се урнале на четириесетина километри од шкотскиот брег вчера по 14 часот. Авионите полетале на вообичаено рутинско летање, од својата база Лосимаут, во Скотска, каде се наоѓаат три ескадрони на овие воени авиони. Ова не е прв ваков инцидент во последните три години, кога се урнаа три авиони, а загинаа двајца пилоти. Последниот ваков инцидент е регистриран во јануари 2011 година, но пилотите успеаја да се катапултираат. „Торнадо ГР4“ со неколкуте модификиции и осовременувања во „служба“ на РАФ веќе се 40 години.