Рестриктивните мерки веројатно спасија над три милиони жители во Европа, тврдат експертите

Од:

Строгите мерки за изолација, вклучително и затворањето на продавниците и училиштата, ја намалија стапката на пренесување на новиот коронавирус во Европа доволно за да го доведат нејзиното ширење под контрола и може да спречат повеќе од три милиони смртни случаи, соопштија научниците.

Во студијата за влијанието на мерките за изолација во 11 држави, научниците од Империјал колеџот во Лондон велат дека драконските мерки, воведени претежно во март, имаат значаен ефект и помогнаа да се намали стапката на репродукција на болеста под еден до почетокот на мај.

Стапката на репродукција покажува колку во просек ќе зарази едно инфицирано лице. Стапка поголема од еден може да доведе до експоненцијално ширење на инфекција.

Научниците од Империјал колеџ проценуваат дека од почетокот на мај меѓу 12 и 15 милиони луѓе во 11 земји (Австрија, Белгија, Велика Британија, Данска, Франција, Германија, Италија, Норвешка, Шпанија, Шведска и Швајцарија) биле заразени со вирусот.

Споредувајќи го бројот на смртни случаи со бројот на смртни случаи предвидени со нивниот модел доколку не биле воведени мерки, тие утврдиле дека се спречени околу 3,1 милиони смртни случаи.

Резултатите од истражувањето се објавени во списанието „Нејчр“.

Би можело да ве интересира

Мерц: Разговорите со Франција и Велика Британија за споделување нуклеарно оружје не како замена за заштитата на САД

Лавров: Зеленски стана нацист, а Европа сака борбите да продолжат

Трамп: Треба повеќе да се грижиме за мигрантите, да не завршиме како Европа

Европа има три недели да се договори за условите за капитулација на Украина

Орбан: Европа не е тоа што беше, иднината е во другите региони

„Билд“: Американските војници се повлекуваат од Европа