(ВИДЕО) Николов: Во Вухан е побезбедно од Македонија

Од:

Игор Николов од ВМРО ДПМНЕ на денешната прес конференција посветена на пандемијата со коронавирус, изјави дека во Вухан, местото каде започна ширењето на вирусот е побезбедно отколку во Македонија.

„Македонија е на дното на безбедност во светот кога станува збор за коронавирусот.

Македонија ја нема на листата на „Форбс“ на сто најбезбедни земји во борба против корона вирусот. Македонија е на 103-тото место и е во друштво со островските држави Света Луција и Доминикана. Да Доминикана, а не Доминиканската Република. Помеѓу европските земји е на последно место.

Сите земји од регионот се подобро рангирани од нас. И за разлика од нас на оваа листа, како побезбедни се оценети Грција, Хрватска, Словенија, Бугарија, Црна Гора и Србија. Значи Македонија не е безбедна по прашање на корона вирусот!
Дури и во Вухан, од каде што започна ширењето на корона вирусот е побезбедно од Македонија.

Македонија потфрли во однос на сите параметри по кои што е направена листата на „Форбс“. Потфрли по ефикасност на спроведените мерки, откривање на заразените и бројот на тестирања, ефикасност на здравствениот систем, како и подготвеност на владата во борба против вирусот.

Додека сите прогласуваат победа во борба против короната, Македонија денеска најверојатно треба да прогласи капитулација.

Кај нас Филипче и Заев шират и опасни тези, велат дека вирусот слабеел, дека тој секојдневно се шири и има се повеќе голем број на новозаболени, и секој ден има и починати.

Неспособноста на владата предводена од СДСМ е опасна за здравјето на граѓаните“, рече Николов.

Би можело да ве интересира

Филипче го слави системот што го спаси од обвинение, велат од ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Лефков: Филипче во време на здравствена криза не мислел на пациентите, туку како да го наполни џебот

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче молчеше за загадената вода во Гостивар додека беше министер

Горан Наумовски

Левица: Честитки до ДПМНЕ – Македонија стана лидер во Европа и по случаи на западнонилска треска по глава на жител

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски

Борозан: Власта да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите