Судското рочиште за Берлускони одложено за 8-ми мај

Од:

Апелациониот суд во Милано го одложи за 8 мај судското рочиште на поранешниот премиер Силвио Берлускони, кој е обвинет за даночни малверзации поврзани со медиумите во негова сопственост.

Судот одлучи дека Берлускони има оправдување што не присуствува на рочиштето, бидејќи е пратеник во Парламентот каде е во тек гласањето за избор на нов претседател на државата.

Берлускони минатата година беше осуден за даночни малверзации, а ова рочиште беше закажно на негово барање.

Обвинителството бара да се потврди претходната пресуда од четири години затвор, пет години забрана за извршување државни функции и парична казна од 10 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Откриена е мафијашката мрежа Камора и Коза Ностра, една трага води до Балканот

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес го погоди југот на Италија

ВИДЕО: Поплави, свлечишта, затворена железница и училишта во Италија

(ВИДЕО) Израел ги налути сојузниците: Престанете да пукате на силите на Обединетите нации

Катерина Ѓуровски