Центар со 64 случаи изби на второ место по број на заразени, зад Чаир со 168 активни

Од:

На подрачјето на Скопје денеска се регистрирани 67 новозаразени со коронавирус. Најмногу од нив, 16 се од Чаир по што следат Центар со 12, Кисела Вода со шест и Карпош и Шуто Оризари со по пет новозаразени.

Во Скопје има вкупно 653 активни случаи на Ковид-19.

Општината Чаир со 168 активни случаи на коронавирус е на врвот на листата на општини во Скопје по најголем број заболени.

Втора на листата по активни случаи е општина Центар, каде што бројот се зголеми на 64. Следуваат Бутел со 63, Гази Баба – 58, Аеродром 57 и Сарај 55.

По општини активни случаи во Скопје заклучно со вчера
• Чаир- 168
• Центар – 64
• Бутел – 63
• Гази Баба-58
• Аеродром- 57
• Сарај- 55
• Карпош- 45
• Кисела Вода- 35
• Арачиново- 23
• Студеничани- 19
• Илинден- 18
• Ѓорче Петров- 18
• Шуто Оризари- 17
• Петровец- 6
• Чучер Сандево- 3
• Сопиште- 2
• Странец -2

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3152, бројката на оздравени пациенти е 1653, на починати е 156, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1343.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски