По неуспехот на петтиот круг од изборите за нов претседател на Италија, Џорџо Наполитано прифати да се кандидира за втор мадат на претседателската функција, јави ДПА.
Наполитано (87) одговори на барањето на политичките лидери, кои изминатата недела неколку пати беа неуспешни во обидите за постигнување договор за избор на нов претседател на земјата.
– Сметам дека е неопходно да ја понудам мојата достапност, се наведува во соопштението на италијанскиот претседател.
Доколку биде избран во шестиот круг од гласањето, Наполитано ќе биде првиот италијански претседател што бил реизбран на функцијата.