Пет луѓе загинаа вчера околу 15 часот откако мал спортски авион се урна на аеродромот „Залужани“ во близината на Бања Лука.
Спрема досегашните информации совен пилотот и Немања Гороња, најпознатиот српски падобранец, загинаа и три млади момчиња кои ја завршија падобранската школа и ова требало да биде нивни прв скок со падобранец, пренесува босански „Кликс“.
Трагедијата да биде уште поголема, нивните родители биле сведоци на настанот, кои со нетрпение чекале да го видат нивниот прв скок.
[nggallery id=5]