СДСМ: Економските мерки на Владата носат развојна економија и силна поддршка за граѓаните и стопанството

Од:

Третиот пакет на економски мерки треба да овозможи заживување на македонската економија преку директна финансиска поддршка на граѓаните, велат од партијата.

Новиот сет на мерки во вредност од 355 милиони евра опфаќа 730 000 корисници и треба да стимулира зголемување на ликвидноста, заштита, промоција и раст на домашната економска понуда, а нуди и поддршка и за земјоделците, како и поддршка на домашниот туризам.

Околу платежните картички тие истакнаа дека со оваа мерка, се зголемуваат безготовинските плаќања , што ќе придонесе и за намалување на сивата економија.

Домашната платежната картичка во износ од 9.000 денари, е наменета за невработените лица и примателите на социјална помош.

Целта на економските мерки како што велат од СДСМ, е да го го помагаат домашниот туризам, така што вработените со примања до 15.000 денари месечно ќе добијат ваучер за домашен туризам од 6.000 денари и домашна платежна картичка од 3.000 денари. Младите ќе добијат парична поддршка од 6.000 денари и домашна платежна картичка вредна 3.000 денари, како и ваучери за кофинансирање на обуки, тренинзи и курсеви за ИТ и дигитални вештини.

„Владата ќе стави на располагање финансиски средства за поддршка на Старт ап и мали и микро компании преку комерцијални банки со 10 милиони евра иницијален капитал. По завршување на здравствената криза земјоделството треба да биде целосно подготвено, бидејќи токму овој сектор во периодот што следува ќе има голем удел во заживувањето на нашата економија. Токму затоа соглансо економските мерки, аграрниот сектор ќе биде поддржан со 5 милиони евра преку Развојната банка“, стои во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он

(ВИДЕО) Ковачевски: Најлесно е да се гласа против, само со глас За може да одиме напред кон просперитет

А1он

Битиќи: Први во регионот според слободата на медиумите – затоа да гласаме за бројот 1

А1он

(ВИДЕО) Стевановиќ и Маричиќ: Реформите ни носат системски промени и европски фондови

А1он

ЗНАМ: Квази социјалдемократот Филипче е еден од најодговорните за состојбата во СДСМ

А1он