Француските сили го убиле шефот на Ал Каеда за северна Африка Абделмалек Друкдел во северниот дел на Мали, соопшти министерката за одбрана, Флоранс Парли.
– Француските вооружени сили, со поддршка на нивните локални партнери, на 3 јуни го убија шефот на Ал Каеда за исламскиот Магреб, Абделмалек Друкдел, за време на операцијата во северниот дел на Мали, напиша таа на Твитер.
Парли додаде дека биле убиени и неколкумина негови најблиски соработници.