Крадци му го пронашле богатството во амбарот

Од:

Мислел дека ќе биде помудар од крадците, па своите заштедени 6.000 евра, во различни валути, еден рачен часовник и осум штедни книшки ги ставил во метална кутија која ја ставил во буре со пченка, сместено во неговиот амбар. Сепак, крадец ги нашол.

Како што извести полициската станица од Берово, жртва на итриот крадец бил 75-годишен жител на малешевското село Митрашинци. Полицијата го открила сторителот, но засега се вратени мал дел од парите.

Случајот вчера претпладне во беровската полиција го пријавил 75-годишниот Г.К. Кажал дека од металната кутија ставена во буре со пченка, ставено во неговиот амбар за жито крадец му украл 6.000 евра во разни апоени, еден рачен часовник и осум штедни (девизни) книшки.

По одредена проверка, полицијата ги претресла автомобилот и домот, како и помошните простории на 34-годишниот В.П. од блиското село Владимирово, при што пронашле 1.450 евра.

Полицијата тврди дека 34-годишниот владимировец и неговата 53-годишна мајка го признале случајот. Полицијата од Берово најавува кривични пријави и против синот и против мајката.

Би можело да ве интересира

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска

Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Жарко Настоски

Скопјанец силувал и претепал жена во станот на неговата покојна мајка

Жарко Настоски