Рестартот на НБА изгласан со 29:1 гласови

Од:

Управниот одбор на НБА го одобри планот за продолжување на сезоната.

Според „ЕСПН“, одлуката е донесена со огромно мнозинство – 29:1.

Според информациите, сезоната 2019/2020 во најсилното првенство во светот ќе се врати на 31 јули во Орландо. 22 екипи ќе го продолжат учеството во лигата, вклучувајќи ги и најдобрите 16 од двете конференции плус Њу Орлеанс, Портланд, Феникс, Сакраменто, Сан Антонио и Вашингтон.

Секој од нив ќе одигра уште осум натпревари пред плеј-офот.

Во случај тимот, кој се наоѓа на 9-то место во пласманот, заостанува од 8-то место со помалку од 4 победи, ќе игра во серија со последниот. За напредување, тимот на 9-то место мора да победи двапати.

Сезоната во НБА, која беше суспендирана во март поради пандемијата од коронавирус, се очекува да заврши најдоцна на 12 октомври.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо