Пробно возење на новите еко автобуси во Скопје

Од:

Новите еко автобуси на ЈСП „Скопје“ почнаа со пробно возење низ улиците на Скопје и наскоро ќе станат дел од јавниот транспорт.

Како што информираат од Град Скопје, во тек е обуката на возачите, која ќе трае и за време на карантинскиот викенд, односно по пет возачи дневно ќе ги возат автобусите низ градот. До недела ќе бидат обучени 25 возачи, а обуките ќе продолжат и во наредниот период.

Досега во Скопје се стигнати 13 нови еко автобуси, десет единечни и три зглобни, а во текот на наредната недела ќе пристигнат уште 3 нови автобуси, два зглобни и еден единечен. Единечните автобуси се со капацитет за 81 патник, а зглобните за 149 патници, соопштуваат од Град Скопје.

Набавката на новите еко автобуси чини 10 милиони евра, а парите се обезбедени преку кредит од Европската банка за обнова и развој, ЕБОР.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Невремето го покоси Скопје: Оштетени „Вила Водно“, зградите на министерства, Обвинителство

Николоски: Четири компании доставија понуди за електричните автобуси

Син уби татко во Скопје

А1он

ВИДЕО: Пожарот во Кисела Вода е ставен под контрола, повреден пожарникар

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Голем пожар во Кисела Вода, чад се гледа од повеќе делови на Скопје

Катерина Ѓуровски

Најмногу дожд наврна во скопско Црешево и Гази Баба