(ВИДЕО) Манојловски: Пола раководството на СДСМ е инфицирано со коронавирус, а Заев зборува за избори и тера кампања

Од:

„Додека во земјите од регионот се говори за опоравување од корона кризата, или за економија, отворање на границите, на Македонија и се случува катастрофа.

Со бројките на новозаболени Македонија оди кон нов пик за кој се говореше дека ќе се случува есенва.

Несомнено големиот број на новоинфицирани со корона вирус и бројката на починати се последица на несоодветното постапување на надлежните и власта“, рече Горан Манојловски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Владеачката СДСМ во оваа ситуација треба малку и да се рафинира. Партијата станува носител на корона вирусот во државата.

Пола раководството на владеачката СДСМ е инфицирано со корона вирус, а партискиот лидер Заев зборува за избори и тера кампања.

Во целата оваа катастрофална ситуација, ситуација на втор пик во Македонија, Заев објавува фотографии од кампањата на неговите луѓе, објавува фотографии од Лукаревска, Зекири, Манчевски и слично.

Со идејата на Заев да се оди на избори само дополнително ќе се загрози здравјето на граѓаните.

Организирањето на избори во ваква ситуација со толку многу заболени со корона вирус претставува масовно самоубиство.

Заев и власта предводена од СДСМ мора да разберат дека политиката треба да е на страна, и дека треба да се погрижат за здравјето на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ останува на своето – здравјето на граѓаните е врвен приоритет. Политиката да ја ставиме на страна. Воедно да им порачам на сите македонски граѓани бидејќи државата не се справи соодветно со пандемијава, чувајте си го вашето здравје, одржувајте соодветна дистанца, носете заштитни маски и ракавици, секаде каде што е препорачано, редовно мијте ги и дезинфицирајте ги вашите раце, одржувајте лична хигиена бидејќи корона вирусот не прпеознава нација, партија и етничка припадност“, изјави Горан Манојловски од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски