На вонредната седница на Управниот одбор на ФФМ, федерацијата донесе одлука за прекинување на натпреварувачката сезона 2019/2020 во Прва МФЛ и натпреварувањето во Купот на Македонија.
Раководството на ФФМ оваа одлука им ја соопшти и на службите во УЕФА, потенцирајќи ја состојбата во нашата држава од здравствен аспект и неможноста да се предвиди временската рамка во однос на евентуалното продолжување на првенството, т.е со новонастанатата ситуација не може да се гарантира дека продолжувањето на националниот шампионат би имал регуларен тек.
Од УЕФА е поздравена одлуката за прекинот.