Анкета: 10,3 отсто од македонските граѓани не веруваат дека коронавирусот постои

Од:

МЦМС спровел истражување за да ги провери ставовите на граѓаните поврзани со здравјето но, и со поголем број други состојби кои ги предизвика болеста. Истражувањето е составено од три дела, а во првиот дел се обработени прашањата поврзани со загриженоста за моменталната состојба во однос на Ковид-19, ставовите за потеклото на вирусот и влијанието на целата ситуацијата врз работните процеси.

Истражувањето покажа голема загриженост на граѓаните (71,3%) од моменталната состојба предизвикана од Ковид-19. Демографски гледано, жените се позагрижени (80,6%) од мажите (61,7%), а етничките Македонци (75,4%) од етничките Албанци (56,2%). Грижата од Ковид-19 расте со степенот на образование на испитаниците. Вкупно 60% се загрижени дека тие лично ќе се заразат со коронавирусот. Меѓу нив, поголем е процентот на жени (68,4%) од оној на мажи (51,7%). За жал, граѓаните се поделени во грижата дека без да знаат го имаат и го шират вирусот. Ваква грижа на совеста имаат 48,8% од граѓаните, додека 45,5% од нивните сограѓани рекле дека воопшто или само до некаде се загрижени за оваа можност.

Висок е процентот на оние (42,7%) кои сметаат дека Ковид-19 е „излезен“ од лабораторија. Од нив, 36,7% сметаат дека тоа е сторено со намера, а 6,0% сметаат дека се случила грешка. Вкупно 19,0% рекле дека вирусот се појавил природно, а 10,3% се оние кои не веруваат дека постои. Популарните теории дека појавата на Ковид-19 е поврзана со воспоставувањето на 5G мрежите има поддршка од 4,9% од испитаниците. Гледано низ призмата на етничка припадност, Македонците се по склони да веруваат дека вирусот е направен во лабораторија, а Албанците дека тој не постои.

Во поглед на тоа како се одвива работниот процес, мнозинство од испитаниците (59,1%) одговориле дека во моментов работат од работното место, 22,0% одговориле дека се на принуден одмор, а 17,8% одговориле дека работат од дома. За речиси половина (49,2%) нема разлика при завршување на работата, додека за 31,1% од испитаниците сега е потешко да ја за завршат рабо-тата. Гледано перспективно, се намалува поддршката на ваквиот начин на работа со зголему-вањето на периодот додека за околу една петтина овој начин на работа воопшто не е одржлив.

Дури 80,0% од испитаниците сметаат дека работното место им е сигурно, меѓу нив, побројни се мажите. Во поглед на работниот статус, поголема сигурност во работното место покажуваат вработените во јавни институции (84,9%) за разлика од оние вработени во приватни компании (75,2%). Покрај сигурноста во работното место, од одговорите е евидентна и сигурноста во приходите (76,2%). Иако се сигурни за своето работно место, дури 79,3% од испитаниците сметаат дека многу луѓе ќе го изгубат работното место поради вирусот.

За МЦМС, анкетата ја спроведе М-Проспект. Податоците за последната анкета беа прибирани со телефонска анкета во периодот од 16 до 22 мај 2020 година. Анкетата е спроведена на национален репрезентативен примерок од 1000 испитаници.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски