Издадените дозволи за движење продолжуваат да важат, процедурата за нови останува иста

Од:

Министерството за информатичко општество и администрација информира дека претходно издадените дозволи за движење кои се назначени како трајни, продолжуваат да важат и за време на викендот, односно од 5-ти заклучно до 7-ми јуни. За останатите, продолжуваат да важат истите процедури за добивање на дозвола.

Како што се наведува во соопштението, до категорија на дозволи кои ги издава МИОА се опфатени: претставници на институции со одлука на Кризниот штаб на Владата, дежурни медиумски работници кои имаат потреба од работа на терен, вработени во мали пекари/бурекџилници (најмногу до 5 вработени) со документ како доказ дека станува збор за микро претпријатие.

Во оваа категорија опфатени се и дежурни вработени во погребални претпријатија, одредени категории на земјоделци, по одлука на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, регистрирани одгледувачи на животни во Кинолошки сојуз и ловочувари во регистрирани здруженија, ЈП, национални паркови.

МИОА наведува дека сите дозволи што ги обезбедува се достапни преку порталот „uslugi.gov.mk“.

-Барањето за дозвола за движење на вработените во институции, медиуми, пекари/бурегџилници, погребални претпријатија, на порталот uslugi.gov.mk го поднесува раководителот на институцијата/директорот/овластеното лице во Централен регистар за своите вработени. Барањето за дозвола за движење за лицата кои се грижат за трето лице, го поднесува лицето кое ја врши негата, соопшти Министерството.

МИОА, како што посочува, не дава дозволи за движење на приватни фирми.

Би можело да ве интересира

По насилните протести во Франција: Во градот Кламар се воведува полициски час

Хелсиншкиот комитет и Македонско здружение на млади правници: Да се амнестираат луѓето што го прекршиле полицискиот час

Воведен полициски час во регионот на Одеса

А1он

Полициски час и забрана за музика во угостителските објекти во Солун, Халикидики и во уште девет грчки региони

А1он

Парична казна за гостиварец заради непочитување на полицискиот час​

Ана Ололовска

Казна од 2000 евра за охриѓанец обвинет за непочитување на полицискиот час во Скопје

Ана Ололовска