Алонсо се враќа во Формула 1?

Од:

Шпанскиот возач Фернандо Алонсо скоро сигурно ќе се врати во Формула 1 во тимот на Рено од 2021 година, пренесува „Ф1-инсајдер“.

Двократниот светски шампион се очекува да потпише договор за две сезони, а по неговото истекување ќе стане директор во францускиот тим.

Единствената пречка за реализација на проектот може да биде Себастијан Фетел.

Германецот го напушта Ферари на крајот на кампањата и ако реши да се пресели во Рено, ќе се намали опцијата за привлекување на Алонсо во тимот.

Триесет и осум-годишниот Шпанец последен пат возеше во Формула 1 за Мекларен во сезоната 2018.

Тој има 32 победи во 311 старт, освојувајќи ги своите титули во 2005 и 2006 година со тимот на Рено.

Би можело да ве интересира

Макс Ферстапен е шампион во Формула 1

А1он

Леклерк победи на трката во Формула 1 за Големата награда на Италија

Расел победи на трката за Големата награда на Австрија

Инцидент во Формула 1 во Монте Карло, целосно уништен болидот на Серхио Перез

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес