Обвинение против десет лица за непочитување на здравствените прописи во Струга​

Од:

Основното јавно обвинителство Струга до надлежниот Суд поднесе предлози за издавање казнени налози против десет лица, обвинети за кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

– За сите обвинети, струшкото Обвинителство му предложи на судот да им изрече парични казни, со определување на висината на паричните казни на по 100 дневни глоби, секоја од нив со вредност од по 30 евра во денарска противвредност, стои во соопштението до ОЈО.

Обвинетите во одделни настани не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија, па за време на полицискиот час се движеле пеш или со возила низ Струга и околината.

Би можело да ве интересира

По насилните протести во Франција: Во градот Кламар се воведува полициски час

Хелсиншкиот комитет и Македонско здружение на млади правници: Да се амнестираат луѓето што го прекршиле полицискиот час

Воведен полициски час во регионот на Одеса

А1он

Полициски час и забрана за музика во угостителските објекти во Солун, Халикидики и во уште девет грчки региони

А1он

Парична казна за гостиварец заради непочитување на полицискиот час​

Ана Ололовска

Казна од 2000 евра за охриѓанец обвинет за непочитување на полицискиот час во Скопје

Ана Ололовска