Џорџ Буш повика да се послушаат демонстрантите во САД

Од:

Поранешниот американски претседател Џорџ Буш Помладиот изјави дека убиството на Џорџ го одразува „шокантниот неуспех“ на борбата на земјата против расизмот и ги повика властите да ги послушаат барањата на демонстрантите.

Буш, чија изјава покажува дека неговата позиција се разликува од онаа на претседателот Доналд Трамп, иако не го спомна неговото име, смета дека исчекорот од американските вредности ги поттикна демонстрациите низ целата земја.

-Единствениот начин да се видиме самите себеси во вистинско светло е да го слушнеме гласот на многуте повредени и на оние кои жалат, порача поранешниот републикански претседател Буш, пренесе „Хина“.

„Оние кои сакаат да ги замолчат овие гласови не ја разбираат смислата на САД или како тие стануваат подобро место“, додаде тој.

Иницијалната каписла за големите протести на национално ниво, што траат повеќе од осум дена, беше смртта на невооружениот Афроамериканец Џорџ Флојд за време на насилното апсење во Минеаполис на 25 мај.

Буш изјави дека тој и неговата сопруга Лора биле вознемирени од „бруталното загушување“ на Џорџ Флојд.

-Случајот на Флојд покренува прашања со кои треба да се соочиме, рече Буш.

„Фактот дека многу Афроамериканци, особено млади Афроамериканци, се малтретирани и им се закануваат е трагичен неуспех“, рече Буш, кој беше претседател на САД од 2001 до 2009 година.

-Оваа трагедија, меѓу низата други слични трагедии, отвора многу задоцнето прашање: како ќе ставиме крај на системскиот расизам во нашето општество, додаде Буш.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Десетици торнада го погодија централниот дел на САД, има повредени

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел