Кривичен суд: Вработениот во судската писара е негативен на вирусот

Од:

Основниот кривичен суд Скопје, во однос на информациите дека вработен во судската писара е позитивен на вирусот КОВИД – 19, информира дека посочениот колега веднаш бил упатен на тестирање. Вработениот е негативен на вирусот, а до управата на судот е доставен и резултатот од тестирањето.

Од Основниот кривичен суд Скопје апелираат до медиумите и сите останати субјекти кои, како што велат, лиферуваат информации на порталите и социјалните мрежи за судот, да ги проверуваат информациите пред нивно објавување.

Судот, велат, се залага за транспарентно и отчетно работење и има одлична соработка со поголем дел од медиумите.

„Но, потребно е да се напомене дека секоја непроверена и неточна информација освен што наштетува на угледот на институцијата може негативно да се одрази и на некои недолжни колеги или граѓани како во овој случај.

Досега неколку пати ја информиравме јавноста дека како суд строго се придржуваме до препораките за заштита од вирусот. Судниците и судските простории редовно се дезинфицираат, на вработените и странките кои влегува во судот им се мери температурата со безконтактни уреди, секој е должен да носи заштитна маска и ракавици, се одржува растојание на присутните во судниците, канцелариите и писарниците, а сите вработени кои се хронично болни, самохрани родители или чуваат дете помало од 10 години се ослободени од работа.

До овој момент ниту еден вработен не пријавил дека имал котакт со заболен и дека му е дадена препорака за самоизолација, а доколку некој пријави дека е позитивен на вирусот судот ќе ги преземе сите мерки согласно напатствијата на здравствените власти“, велат од Основниот кривичен суд Скопје.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски